Сеопфатна цел
Да се придонесе во превенирање на насилен екстремизам и радикализација на и преку Интернет, преку градење на компетенции и вештини кај младите од Албанија и Македонија, со цел тие да продолжат да градат мостови на мир и разбирање со посредство на ИКТ базирани колаборативни активности.
Специфични цели
- Да се помогне во иницирање на процесот на подигање на свест за насилен екстремизам и радикализација на и преку Интернет;
- Да се иницира размислување и активности за спречување на насилен екстремизам и радикализација на и преку Интернет;
- Да се придонесе во градење на капацитетот на младите за да не подлегнуваат на било каква форма на онлајн злоупотребување или манипулација;
- Да се оспособат младите од Албанија и Македонија да ги споделуваат своите идеи, знаења и искуства за спречување на насилен екстремизам и радикализација на и преку Интернет;
- Да се развие ИКТ и веб базирана содржина (проектен веб) за да се споделуваат најдобрите практики и да се презентира гласот на младите;
- Да се придонесе кон протокот на релевантни и точни информации при користење на информациски структури;
- Да се придонесе кон негувањето на дијалог преку размена на практики, идеи, материјали, содржини;
- Да се поттикне понатамошна промоција на вредностите стекнати од овој проект и вредностите да се дисеминираат во пошироките заедници во Албанија и Македонија.