Резултати

Проектот е имплементиран од организациите:

  • Интерактивна мрежа за образоване и ресурси – ИМОР
  • Албанска фондација за разрешување на конфликти и помирување на спорови – АФЦР

ИМОР и АФЦР веќе имаат воспоставена традиција на соработка. За потребите на овој проект соработката беше возобновена и формализирана во формат на Меморандум за разбирање помеѓу Интерактивна мрежа за образоване и ресурси – ИМОР и Албанска фондација за разрешување на конфликти и помирување на спорови – АФЦР.

 

Организациите формираа Проектен тим составен од членови од двете организации.

 

Проектниот тим веднаш дискутираше, договори и подготви Проектен акционен план (Динамика на активности) помеѓу проектните партнери.

 

И двете организации (ИМОР и АФЦР) применија пристап на активно вклучување на идните потенцијални учесници уште во процесот на идентификување на младите, младите лидери и едукаторите, бидејќи оваа фаза е една од најважните фази во проектот. Имено, на младите-младите лидери и едукаторите им беа презентирани елементите на проектот и планираните резултати за заинтересираните лица да се целосно свесни за очекувањата од нив и да имаа можност да повлијаат на реализирањето на проектните активности.

Активностите во Албанија вклучуваа идентификување на целната група во текот на работнa посетa на Елбасан. Мобилизационите активности организирани од проектниот тим во Македонија вклучуваа бројни работни посети на урбани и рурални области, односно, области каде зедно живеат различни етнички и религиозни заедници, вклучувајќи ги и не ограничувајќи се на Скопје, Тетово, Гостивар, Скудриње, Куманово, Битола, Демир Хисар, Прилеп, Охрид. Овие посети и состаноци резултираа во индетификување на млади-млади лидери и едукатори од 7 различни заедници (градови/села по азбучен ред): Битола, Гостивар, Демир Хисар, Неготино, Прилеп, Скудриње, Штип. Тие доаѓаат од следниве организации:

  • СМУ „Др. Јован Калаузи“ Битола
  • СОУ „гимназија Јосип Броз-Тито“ Битола
  • ООУ „Коле Канински“ Битола
  • ООУ „Св. Климент Охридски“ Битола
  • СЕОУ „Гостивар“ Гостивар
  • СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар
  • СОУ„ Страшо Пинџур“ Неготино
  • СОУ „гимназија Мирче Ацев“ Прилеп
  • СОУ „Орде Чопела“ Прилеп
  • ООУ „Блаже Конески“ Скудриње
  • СОУ „Коле Нехтенин“ Штип

Намерата на проектниот тим овој проект да е колку што е можно поинклузивен беше применета почнувајќи од планирањето на активностите и продолжи во текот на целиот тек на проектот. Во склад

со ова, младите луѓе и едукаторите кои беа регрутирани во рамките на проектот беа хетерегони од различни аспекти:

  • И двата рода беа застапени (учеството на женскиот род е поголемо од застапеност на машките);
  • Возраста на учесниците претежно варира помеѓу 12 и 18 години;
  • Има млади луѓе од урбани области на големи градови, од предградија од овие градови, но исто така и значителен број на млади од рурални области;
  • Некои од учесниците доаѓаат од имашливи семејства, додека други од социјално загрозени – исклучени и маргинализирани семејства;
  • Припадниците на различни етнички зедници кои се малцинство во земјите учеснички беа исто така застапени во мноштвото млади луѓе;
  • Истовремено, младите вклучени во овој проект се со различна религиозна определба.

 

Наредниот чекор за пректниот тим беше да ги подготви младите лидери и едукаторите за реализација на претстојните проектни активности. Во рамките на подготовките младите се фокусираа на теми како: како да се најде и користи информација; како безбедно и ефективно да се користат онлајн алатки и социјални мрежи; кои се онлјан закани, како да се препознаат и како да се избегнат; критичко размислување; градење на дијалог преку граници и различности; демонстрирање разбирање и прoмовирање на толеранција; како да се препознае радикализам / екстремизам на мрежата, да се извeстува и да се дисеминираат предупредувања во врска со тоа; како да се придонесе во превенирање на радикализација / насилен екстремизам и евентуално да му се спротивставиме; како да се следиме самите ние и да сме свесни за заканите во врска со насилен екстремизам; користење на ИКТ за колаборативни активности. Во текот на подготовките беа користени следните УНЕСКО-ови публикации како референтни материјали:

 

  • Оспособување на младие за градење на мир, Нова интегрирана рамка на акција;
  • Етички импликации поради новите технологии: Анкета;
  • Етички кодекс за информатичко општество;
  • Спречување на насилен екстремизам во кибер просторот, Финална изјава, Интернационална конференција за младите и ИКТ.

Овие референтни материјали беа ставени на располагање за платформата за соработка на: http://noextremism.pbworks.com/w/page/119638116/FrontPage. На ваков начин, референтните материјали беа достапни за сите учесници и пошироката публика во текот на имплементацијата на проектот и е достапна и по крајот на проектот.

 

Серијата од кампови започна со првиот камп за млади лидери и едукатори одржан во Елбасан, Албанија на 4. септември 2017. Вториот камп се одржа во Битола, Македонија на 16-17. септември и третиот камп се одржа во Елбасан, Албанија на 28. септември. Бројот на учесници на првиот камп беше 41. Младите активисти, ученици на овој камп, претставуваа различни религиозни заедници, како православните христијани, католиците, муслиманската зедница, бекташката заедница. Бројот на учесници на кампот во Македонија беше 88 од организациите наброени погоре. Преставниците од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип не беа во можност да дојдат на кампот. И покрај тоа, тие активно учествуваа во текот на сите останати проектни активности. Бројот на учесници на третиот камп, одржан во училиштето „Luigj Gurakuqi“ во Елбасан беше 40. Младите лидери беа од различни паралелки од училиштето.

 

Вкупниот број на учесници на камповите е 169, или 149 млади и 20 едукатори. Имаше уште едукатори (3 едукатори) и млади лидери (приближно 25 млади лидери) кои беа потполно подготвени за активно учество во проектните активности, но за жал не можеа да учестуваат на камповите, заради лични обврски. Вкупниот  број на подготвени млади лидери го надминува бројот 170 и вкупниот број на едукатори го надминува бројот 20. Проектниот тим е горд на ова постигнување бидејќи овие бројки ги задоволуваат очекувањата за опфат предвидени со предлог проектот и уште повеќе што, овие млади лидери и едукатори се оспособени и беа нестрпливи да проолжат да ги реализираат преостанатите проектни активности.

 

Темите презентирани и дискутирани на камповите ги вклучуваа темите во предолог проектот, во работниот план и темите покриени во текот на подготвителната фаза на проектот (како да се најде и користи информација; како безбедно и ефективно да се користат онлајн алатки и социјални мрежи; кои се онлјан закани, како да се препознаат и како да се избегнат; критичко размислување; градење на дијалог преку граници и различности; демонстрирање разбирање и прoмовирање на толеранција; како да се препознае радикализам / екстремизам на мрежата, да се извeстува и да се дисеминираат предупредувања во врска со тоа; како да се придонесе во превенирање на радикализација / насилен екстремизам и евентуално да му се спротивставиме; како да се следиме самите ние и да сме свесни за заканите во врска со насилен екстремизам; користење на ИКТ за колаборативни активности).

 

Младите луѓе и едукаторите користеа описи на настани, сведоштва, видеа и други примери за онлајн радикализација и екстремизам, како случаи за дискусија и за учење од горчливите искуства на другите.

 

Уште една важна акција за проектниот тим беше создавање на околина каде младите луѓе од Македонија и Албанија ќе бидат во постојан контакт, и во исто време, околина која ќе ја олесни нивната соработка и размена на информации. За таа цел, ИМОР создаде таква околина со обезбедување на колаборативна платформа на: http://noextremism.pbworks.com/w/page/119638116/FrontPage.

 

Подготовките, посебно активните методи на обука и инклузивните практични искуства применети на камповите, создадоа синергија помеѓу младите лидери. Со цел  да се искористи создадениот движечки момент, младите лидери беа подготвувани за дисеминација и за вклучување на заедниците во текот на камповите.

Исто така, за да се обезбеди подобра видливост и публицитет на проектот беше дизајниран леток на проектот, кој содржеше концизна информација за

проектот, беше испечатен и дситрбуиран помеѓу проектните актери и корисници.

 Младите и младите лидери кои поминаа низ подготвителни активности и учествуваа во камповите, поддржани од едукаторите, спроведоа дисеминациони активности во нивните средини. Чувствителност на проблематиката не беше пречка да се опфатат 530 учесници со дисеминационите активноти во Македонија и Албанија. Предлог проектот предвидуваше 400 учесници да бидат опфатени со дисеминацијата. Анимираните млади остварија повеќе од она што се очекуваше од нив.

 

Паралелно со дисеминацијата и активностите за вклучување на заедниците, младите продолжија со интензивни дискусии во врска со проектот на pbworks колаборативната платформа: http://noextremism.pbworks.com/w/page/119638116/FrontPage. Колаборативните теми беа следниве:

Повеќе од 170 корисници се регистрираа и коментираа – дискутираа на платформата. Понекогаш, под исто корисничко име работеа неколку млади луѓе, што значи дека всушност бројот на млади кои дискутираа на платформата го надминува 200. Бројот на постови – коментари на платформата е поголем од 650 и само за себе зборува дека интензитетот на дискусиите беше многу голем за релативно краток период.

 

Младите отидоа значително повеќе и подлабоко од очекувањата од проектот. Во текот на активностите тие подготвија декларација во која тие со свои зборови го изразија своето мислење во врска со насилната радикализација и екстремизмот. Работната верзија на Декларацијата беше широко распространета во мрежата за коментирање и дискусија скоро цел месец. Потоа, сите коментари и сугестии беа интегрирани во крајната верзија на текстот на Декларацијата на младите од Македонија и Албанија. Во текот на периодот за коментирање и дискусија на работната верзија на Декларацијата беше евидентно за младите лидери и проектниот тим дека Декларацијата привлекува внимание и предизвикува поширок интерес во заедниците. Затоа, проектниот тим подготви и дистрибуираше постер со декларацијата за да обезбеди подобра видливост на самата Декларација и да го зголеми влијанието врз тековната активност – вклучување на заедниците.

 

 

 

Вклучувањето на заедниците не претставуваше предизвик да се спроведе бидејќи младите и едукаторите веќе ги имаа вклучено нивните организации, семејства, врсници и други организации. Семејствата на младите беа толку длабоко вклучени што и тие го поддржуваа вклучувањето на заедниците. Во текот на овие активности беа вклучени повеќе од 1790 граѓани во двете земји. Овој број ги надминува намерите и очекувањата на проектниот тим. Затоа, ова значи дека проектните очекувања се значително натфрлени.

 

Изјавите на родителите на некои од младите луѓе директно вклучени во имплементацијата на проектот зборуваат во прилог кон важноста на вклучувањето на заедниците, како и за, размерот и квалитетот на влијанието што го има проектот.

 

Проектниот тим беше свесен за релевантноста и важноста на проектот и беше свесен предизвиците кои можеа да се појават во текот на проектниот циклус. Затоа, сите проектни фази беа исцрпно планирани и внимателно реализирани. Настаните „на терен“ покажаа дека ова беше вистинскиот приод бидејќи младите и едукаторите покажаа длабока посветеност на проектот и неговите вредности. Имено, тие ја споделија и дисеминираа Декларацијата насекаде; ги запознаа другите луѓе и организации со значајноста на проектот; привлекоа многу внимание врз проектот и Декларацијата; придобија голема поддршка за Декларацијата. Или, поконкретно повеќе од 5400 родители, 16000 други возрасни, вклучително едукатори, 54000 млади и 20 организации ја поддрќаа Декларацијата.

Проектниот тиме беше среќен и задоволен да констатира дека применетата методологија за идентификување на младите-младите лидери и едукаторите во Албанија и Македонија се покажа дека беше вистинската. Овие млади-млади лидери и едукатори внесоа многу труд и работа и постигнаа значајни постигнувања во реализирање на проектните активности.

 

Влијанието на проектот може лесно да се препознае преку анализата на добиените одговори на проектната анкета.

 

Анкетата покажа дека проектниот тим адекватно го обработи проблематиката на сигурно и ефективно користење на социјални мрежи и различни онлјан алатки и дека младите сега се прилично покомпетентни за сигурна и безбедна работа на мрежа (Одговори на евалуацијата на проектот, прашање број 10, 82% од одговорите се на ниво 4, 5 или 6 и Одговори на евалуацијата на проектот, прашање број 11, 87% од одговорите се на ниво 4, 5 или 6).

 

Користењето на англискиот јазик, како официјален јазик на проектот и јазик на кој се дискутираше на колаборативната платформа, беше тешко за некои од учесниците. Но, исто така, тие препознаа дека тоа беше и е одлична можност за подобрувања во областа на користење на англискиот јазик. Без оглед на слабостите во англискиот јазик, дискусиите со млади преку границата, или со млади од различни средини, младите го сметаа тоа како корисно за подобрување на нивните колаборативни способности и покрај сите различности (Одговори на евалуацијата на проектот , прашање број 9, 85% од одговорите се на ниво 4, 5 или 6).

 

Младите кои учествуваа во овој проект сфатија дека има многу други млади на нивна возраст кои споделуваат исти мислења и грижи за онлајн закани, онлајн насилна радикализација и екстремизам, како да ги препознаат, како да им помогнат на другите, како да ги превенираат, како да им се спротивстават. Ова беше логичен резултат од спроведената дисеминација од младите лидери што го зголеми опфатот на целната група (околу 530 млади и млади лидери спореден со 400 превидени со проектниот предлог). Оваа ситуација доби нумеричка претстава во проектната анкета преку одговорите на прашањето број 7 – Одговори на евалуацијата на проектот, каде 86% од испитаниците означија 4 или повисоко. Овде е важно да се напомене дека овие бројки веќе беа индикација дека вклучувањето на заедниците ќе биде успешно, што всушност и се случи: бројот на вклучени граѓани отиде над 1790 и го надминува бројот од 1500 граѓани планиран со предлог проектот.

 

Проектниот тим ги водеше проектните активности во насока на подигање на свеста во врска со влијанијата, предизвиците, заканите и ризиците кои постојат на мрежата, посебно ризиците кои произлегуваат од насилната радикализација и екстремизам онлајн. Истовремено, проектниот тим работеше со младите на јакнење на нивните вештини и компетенции за 21. век. Тие се од голема важност за нив, не само да ги препознаат најголемите онлајн закани, персонификацијата на најнехуманото чудовиште – насилната радикализација и екстремизам, туку исто така да им помогнат на другите да не постанат жртви фатени во мрежите на насилната радикализација и екстремизам, да се превенираат овие закани и ако е можно да им се спротивстават. Сите овие напори беа позитивно прифатени и ценети од младите. Поконкретно, во Одговори на евалуацијата на проектот на прашање број 8, 87% од одговорите потврдуваат дека проектот го подобри нивното разбирање за справување со насилна радикализација и екстремизам; на прашањето број 13, 89% од испитаниците сметаат дека нивните способности да препознаат насилна радикализација и екстремизам онлајн се подобрени; на прашањето борј 14, 86% од испитаниците сметаат дека тие се оспособени да превенираат или да се спротивстават на насилна радикализација и екстремизам онлајн. Овие бројки јасно ја илустрираат големината на влијанието на проектот врз младите луѓе, едукаторите, семејствата, вклучените заедници.

 

Други факти кои зборуваат во прилог на влијанието на проектот се бројките во Одговори на евалуацијата на проектот во врска со интересот на младите за учество во слични проекти – 90% од младите луѓе (Одговори на евалуацијата на проектот, прашање број 5) и 89% од младите луѓе би ги поканиле и вклучиле нивните пријатели во проекти како овој (Одговори на евалуацијата на проектот,прашање број 6). Оваа информација докажува дека учесниците сметаат дека овој проектен беше корисен и корисен за нив.

 

Позитивната енергија и желбата за соработка со врсниците преку граници без оглед на различноста на  средините на врсниците, која се создаде помеѓу младите лидери оди во прилог на потврдување на исправноста на пристапот и на сите напори вложени од проектниот тим. Младите луѓе кои беа анимирани и оспособени во рамките на проектот се потполно способни да го пренесат знаењето, вештините и ставовите на други луѓе во нивните средини. Иако проектот официјално заврши, младите сé уште се во контакт и интеракција. Со други зборови, 90% од младите луѓе смета овој проект ги оствари нивните очекувања (Одговори на евалуацијата на проектот, прашање број 4).

 

Постојаниот мониторинг и евалуација од проектниот тим резултираше во навремена реализација на сите проектни активности. Подготвителните активности беа темелно направени и покрај стеснетиот период за имплементација заради летните одмори, така проектните активности беа завршени на задоволство на проектниот тим, младите, едукаторите, родителите, заедниците, директните и индиректните корисници. Не само што активностите беа целосно и навремено завршени, туку и опфатот на младите, младите лидери, и едукаторите беше поголем од предлог проектот; дисеминационите активности целеа и вклучија 30% повеќе учесници во споредба со програмските документи; бројот на вклучени граѓани опфатени со вклучувањето на заедниците ја надмина очекуваната цел за 20%.

 

Сите овие резултати се силен доказ дека влијанието на овој проект врз младите е значаен. Истовремено, сите овие факти одат рака под рака со интенциите на проектот – да се придонесе во превенирањето на насилниот екстремизам и радикализација на и преку Интернет преку градење на компетенции и вештини кај младите од Албанија и Македонија, со цел тие да продолжат да градат мостови на мир и разбирање со посредство на ИКТ базирани колаборативни активности.

 

Обезбедување на сигурна и безбедна околина за млади е од витална важност за Проектниот тим. Затоа, само ограничен број на слики се публикувани на вебот. Во случај да сте заинтересирани да погледнете повеќе слики, молиме, обратете ни се.

 

 

 

Одговори на евлуацијата на проектот

 

Проектен евалуационен образец

Ве молиме да ги одговорите следниве прашања со маркирање на адекватната опција:

  1. Род                 машки  47%                 женски   53%

 

  1. Возраст 12-14  13%         15-18     77%      19-25    5%              повеќе од 25    5%

 

  1. Вашите родители сметаат дека овој проект е корисен за младите:
    ДА 89%     НЕ  1%    Тие не се информирани за моето учество во проектот. 10%

 

Оцена 1 е најниска, оцена 6 е највисока.  Во ќелиите се впишани процентите од добиените одговори, соодветно.

 

 

 StatementsMarks
  123456
4.       Проектот ги исполни моите очекувања.154122949
5.      Заинтересиран-а сум да учествувам во слични проекти.253103149
6.       Би вклучил-а мои другари-ки во слични проекти.146132848
7.       Заинтересиран-а сум да ги пренесам, односно, веќе ги пренесов стекнатите искуства во мојата средина.266152546
8.       Учеството во овој проект го подобри моето сфаќање за справување со радикализацијата и екстремизмот.355143142
9.       Учеството во овој проект ги подобри моите способности за соработка без оглед на различностите.267132151
10.       Го подобрив моите способности за безбедно и ефективно користење на социјалните мрежи.477142642
11.      
Го подобрив моите способности за безбедно и ефективно користење на различни онлајн алатки.463162546
12.       Го подобрив моите способности за препознавање онлајн закани.357142645
13.    Го подобрив моите способности за препознавање насилна радикализација и-или екстремизам кој се појавува онлајн.264152746
14.    Оспособен сум да превенирам и потенцијално да се спротивставам на насилна радикализација и-или екстремизам онлајн.356182345


 

Изјави од родителите

Јас, Михајловски Игор, родител сум на Михајловска Маринела ученичка во СОУ„Коле Нехтенин“ бев информиран за овој проект. Најпрво да кажам дека ми се допадна темата на проектот. Активностите со коментирањето исто така ми се допаѓаа бидејќи убаво е да се видат мислењата на голем број ученици. Лично јас сум исплашен за мојата керка да не биде жртва на некое насилство. Предлагам да се вршат обуки на учениците за да бидат запознати со сите опасности на интернет и да се преземат мерки за нивно спречување. Продолжете во таа насока. Сите пофалби за Вас.

                                                                      Михајловски Игор

Родител од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип, Македонија

 

Јас мислам дека овој проект е многу добар бидејќи им помага на сите, не само на учениците да сфатат што значат поимите екстремизам и радикализација. И со тоа и начинот како да се превентира и спречи заведувањето на младите луѓе.

Јулијана Велковиќ

Родител од ОУ „Страшо Пинџур“ Неготино, Македонија

 

Како родител сметам дека темата на овој проект е правилно избрана и актуелна во последно време. Сметам дека на ваков начин преку вклучување на младите и преку нивниот активизам ќе се придонеси за разрешување на проблемите во општеството коишто се поврзани со темата. Преку пренесување на нивното искуство, и другите млади ќе имаат можност да се информираат повеќе за насилниот радикализам и екстремизам.

                                                                                Силвија Темелкова

Родител од СОУ „Гимназија Јсио Броз – Тито“ Битола, Македонија

 

Во современиот начин на живеење се повеќе ги слушаме термините радикализам и екстремизам. Иако и двата поими се употребувале и во минатото и тоа и често биле употребувани во нивната вистинска смисла, сепак врвот го достигнуваат во минатиот век и почетокот на новиот милениум. Често слушаме дека поради ваквото однесување страдаат невини жртви или пак се уништуваат културни вредности стари со векови. За жал во тоа се вклучуваат и деца од најрана возраст и се воспитуваат во името на некои повисоки цели, кои честопати вклучуваат самоубиствени мисии, убиство, силувања, палежи и што уште не. Со најновата технологија сето тоа е доста достапно на сите. Затоа е потребно постојано едуцирање на младите, се со цел да им се укаже на штетното влијание што го шират екстремистите. Да им се укаже дека само со цврсто дејствување против овие појави ќе има поубав свет, свет полн со разбирање, толеранција. Преку едукација, кампови да се учат младите да не подлегнуваат на ширачите на овие појави.

                                                                      Зоран Котески

Родител од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола, Македонија

 

Јас сум родител на Емин и сметам дека откако моето дете учествуваше во кампот за млади дека повеќе внимание посветува на тоа кои ќе бидат негови пријатели на фејсбук, не става слики како порано и избегнува пријателства кои се непознати. Со тоа заклучив дека веќе има позитивни резултати кај моето дете, а се надевам и кај другите. Според мене нешто што носи добри резултати треба да се прикаже и на други ученици а и повозрасни луѓе.

Родител од Скудриње, Македонија

 

Јас, Валентина Иломаноска, родител на ученикот Михаела Иломаноска која учествуваше на овој проект, мислам дека овој проект многу му помогна  на моето дете а и на останатите кои учествуваа во проектот како да препознава онлајн закана, како да внимава со кој да комуницира на социјалните мрежи, кои информации да ги споделува на интернет. Исто така се запозна многу добро со поимите радикализација и екстремизам. Ви благодарам многу што го вклучивте моето дете во еден ваков добар проект ви посакувам среќа за понатаму да имате уште многу успешни проекти како овој. Доколку има слични проекти, би сакала моето дете пак да биде клучено.

                                        Валентина Иломанска

Родител од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, Македонија

 

Сакам да изразам големо задоволство од учеството на мојот син во проектот „Гласот на младите против насилна радикализација и екстремизам“. Преку овој проект се прошируваат видиците на младите за тоа што се случува во светот и каква е улогата на интернетот, како може преку социјалните мрежи да се заведат младите луѓе. Овој проект им помага на младите да бидат внимателни, да проверуваат информации и да не бидат вовлечени во нешто што не е добро ни за нив, ни за родителите и воопшто за човештвото. Добро е и понатаму да продолжат вакви проекти и што повеќе млади да бидат вклучени. Доколку проектот продолжува сакм мојот син повторно да биде вклучен.

                                        Димитар Димески

Родител од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, Македонија

 

Јас сум Николче Талески, родител на Тереза Талеска. Мојата ќерка го започна учеството во проектот преку посета на кампот кој што беше одржан во Битола. Преку впечатоците кои ги искажа Тереза од кампот, ја пренесе позитивната атмосфера и кај нас. Добро е што има ваков  проект за да научат младите што се може да се случува на социјалните мрежи, какви информации да се шират преку интернет. Научи подобро да го користи интернетот, како да внимава на информациите кои можат да се пренесуаат, разгледа примери што им се случило на други млади луѓе кои слепо верувале на одредени личности кои ги вовекуваат во проблеми младите луѓе. Мајдоброто од овој проект е што може да спаси многу млади луѓе и многу млади животи што е многу значајно посебно за родителите а и за државите.

 Николче Талески, родител од Битола, Македонија

 

Овие активности се корисни не само за учениците, туку и за родителите исто така; тие ни создаваат чувство на одговорност со врска со ризиците со кои може да се соочат децата додека го користат Интернет и социјалните мрежи.

Марјет Исуфи, родител од Елбасан, Албанија

 

Ќе биде интересно да се пренесе овoј вид на активности и во други училишта. Јас сум наставник и гледам дека учениците немаат доволно знаење за овие проблематики.

Гентиана Лулѓурај, едукатор од Елбасан, Албанија

 

Многу корисно. Ќерката ми кажа за сите овие теми кои беа дискутирани во текот на обуките. Интересна беше темата за културни различности како многу важен елемент со прифаќањето на другите. Ние пробаме да ги поучуваме нашите деца за овие вредности, но добро е кога тие ќе ја добијат вакви информации и на училипте и да се чувствуаат активни во дискусиите и нивните пријатели.

Мерита Куши, родител од Елбасан, Албанија

 

Забележав дека мојот син беше вистински ангажиран во подготовките за вклучување на заедниците и сметам дека ова е добро искуство за него.

Гезим Каса, родител од Елбасан, Албанија

 

Ние, родителите не сме доволно способни да менаџираме ситуации како проблеми со социјални мрежи бидејќи, се чувствуваме помалку информирани во врска со овие теми. Ние сме фокусирани на нашата работа и понекогаш забораваме да им обратиме внимание на нашите деца. Затоа, според мене многу е важно вакви активности да се спроведуваат подолго време и во повеќе училишта.

Аурел Зенелак, родител од Елбасан, Албанија

 

На средбите ние се чувствуваме многу добро, пријатно бидејќи, во овој случај ние ги ги променивме улогите: децата нé поучуваа нас… Ова беше едно извонредно искуство.

Артан Билали, родител од Елбасан, Албанија

 

Ваков вид на активности е многу корисен за оваа возрасна група. Уште повеќе, не само младите, туку исто така и семејствата и заедницата учат многу.

Алгрета Музаки, родител од Елбасан, Албанија