Активности

Следните активности ќе бидат спроведени во текот на проектот:

  1. Воспоставување на заеднички проектен тим кој се содржи од членови од Албанија и Македонија;
  2. Развивање на заеднички план за акција;
  3. Мобилизирање на млади и едукатори;
  4. Организирање на младински кампови во Албанија и Македонија за да се воспостават основни групи од млади кои би го презеле водството во дисеминацијата и работата со заедниците, при тоа одржувајќи ја сопственоста на проектот. За време на овие кампови, младите ќе работат на следниве предложени теми:
    • како да се пристапи до и како да се користат информации;
    • како да се користат онлајн алатки и социјални мрежи безбедно и ефективно;
    • што се онлајн закани и како да се забележат и избегнат;
    • критичко размислување;
    • градење на дијалог помеѓу граници и култури;
    • демонстрирање, разбирање, и промовирање на толеранција;
    • како да се забележи онлајн радикализација – екстремизам и да се известат и дисеминираат предупредувања за тоа;
    • како да се придонесе во спречување на радикализација – насилен екстремизам и потенцијално да им се спротивстави;
    • како да се прави личен мониторинг и да се биде свесен за закани поврзани со насилен екстремизам.

Во оваа рамка, проектниот тим ќе ги разгледува публикациите на УНЕСКО:

  • „Оспособување на младите да градат мир, нова интегрирана рамка за акција“;
  • „Етички импликации од технологиите кои доаѓаат, анкета“;
  • „Етички код за информатичко општество“.
  1. Дисеминирање на стекнато знаење, вештини и ставови во локалните средини;
  2. Работа со локалните заедници;
  3. Да се направи веб на проектот кој би ги одразил придонесите на младите, проектните резултати, најдобрите практики, и гласовите на младите луѓе.